ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

Април 2008: Семинар со Микеле Кваранта во Скопје

mik2008 poster en

Од 11-ти до 13-ти април 2008 нашиот учител Микеле Кваранта од Базел, Швајцарија ќе биде по трет пат гостин на нашиот клуб и ќе одржи викенд семинар што ќе биде отворен за сите заинтересирани аикидоки.

Местото на одржување ќе биде салата на карате клубот РАБОТНИЧКИ (до ТЦ Беверли Хилс). Не ја пропуштајте приликата!

ТРЕТ СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ХЕНБО АИКИДО ДОЏО

СО УЧИТЕЛОТ МИКЕЛЕ КВАРАНТА 6. ДАН АИКИКАИ !!!

michele smile

Од 11-ти до 13-ти АПРИЛ господинот Микеле Кваранта ќе биде по третпат гостин на нашиот клуб и ќе одржи тридневен семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.

Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс) Адреса: Иво Лола Рибар 63, 1000 Скопје.

Распоред:

претпладне попладне
петок (11 април) 19:30-21:30
сабота (12 април) 10:00 - 12:30 17:00 - 19:00
недела (13 април) 09:30 - 12:00

Семинарска такса:

цел семинар еден тренинг
1200 ден 600 ден

За сите дополнителни информации јавете се на 070 / 764066, или пишете на наштата e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Кратка биографија на учителот Кваранта:

michele kotegaeshiМикеле Кваранта сенсеи се се занимава со аикидо преку 30 години континуирано. 20 години бил ученик и асистент (уке) на Масатоми Икеда сенсеи и го придружувал безмалку на сите семинари.

Неговата желба за несебично пренесување на стекнатото знаење посебно го издвојува меѓу познатите аикидо учители.

Со одлука на комисија од Аикикаи седиштето и со одлука на дошу Моритеру Уешиба, на 14-ти јануари 2007, беше унапреден во 6. Дан (Roku Dan). >Прочитај повеќе

bokken