За подмладокот на нашиот клуб во средата се одржа полагање на кое сите 25 кандидати заслужија повисок степен. Им честитаме и им посакуваме да продолжат со изучувањето аикидо!
За подмладокот на нашиот клуб во средата се одржа полагање на кое сите 25 кандидати заслужија повисок степен. Им честитаме и им посакуваме да продолжат со изучувањето аикидо!
За време на велигденските празници тренинзи нема да одржиме на:
29-ти април и 2-ри мај. Петок и понеделник. Ќе продолжиме на 4-ти мај во среда со редовни тренинзи.
Сезоната за трениинзи во сала ќе ја завршиме кон средината на јуни. Потоа продолжуваме со тренинзи во парк, како и секоја година.
Поздрав!
Аикидо клубот Хенбо ве повикува на аикидо семинар на кој вештината ќе ја пренесува Микеле Куаранта шихан (6-ти Дан Аикикаи) на 02-03 Април 2016 година.
Семинарот е отворен за сите заинтересирани. Информации на тел. 076697000 и е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Семинарска такса:
500 ден
Во сабота два тренинга:
11:00 - 13:30
15:30 - 18:00
Контакт за информации:
+389 76 697000
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
На сите ви го честитаме Божиќ и ви пожелуваме Среќна Нова 2016 Година! Христос се роди!
Семинарска такса:
Цел семинар - 15 ЕУР (900 ден),
Еден ден - 10 ЕУР (600 ден).
Во сабота два тренинга:
10:00 - 13:00
16:30 - 19:30
Во недела еден тренинг:
10:00 - 13:00.
Контакт за информации:
+389 70 764066
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Месецов ги поканивме учителите од сите останати македонски аикидо клубови да одржат по еден тренинг во нашиот клуб.
Целта на овие гостувања е да се запознаат членовите на клубот со останатите аикидо школи и начини на вежбање, и секако да се воспостави пријателски однос и почит кон сите што го одат патот на аикидото како што тоа го правиме и ние. Им благодарам, сите се одѕваа на поканата, и се надевам на уште многу вакви и слични дружења.
Еве ги датумите :
11 понеделник - Аикидо клуб Пат кон мирот - Скопје
13 среда - Аикидо клуб Кобукан (МАА) - Скопје
15 петок - Аикидо клуб Зендокан (МАА) - Скопје
18 понеделник - Аикидо клуб Теншинкан - Скопје
20 среда - Аикидо клуб Агатсу - Куманово
22 петок - Аикидо клуб Аикикан - Тетово
25 понеделник - Аикидо клуб Хоши - Скопје
27 среда - Аикидо клуб Заншин - Куманово
29 петок - Аикидо клуб Кенбукан (МАА) - Битола
Тренинзите се одржуваат во нормалните термини за тренинг во клубот Хенбо (спортската сала на ОУ Ј.Х. Песталоци - Центар) од 20:30 часот. Отворени се за бесплатно учество на секој што е заинтерсиран.
Наскоро повеќе информации од одржаниот семинар...
За сите учесници на семинарот, ова се информациите кои ги очекувате:
Такса: 2100 денари или 35 евра - ВАЖНА НАПОМЕНА: Со меѓусебен договор обезбеден е ПОПУСТ за членовите на клубови и организации со кои имаме догогодишна соработка. ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАЈ ВАШИОТ УЧИТЕЛ за договорениот попуст.
ВАЖНО: На наплатниот пункт ПОТРЕБНО Е да приложите членска книшка од вашиот клуб/организација за обезбедување на ПОПУСТОТ!
Распоред:
Петок, 27 март (во салата на ОУ Песталоци)
18:00 - 19:00 Детски тренинг
19:00 - 21:00 Полагања за Дан степени
Сабота, 28 март (во салата на СРЦ Кале)
10:00 - 12:30 тренинг (Кваранта сенсеи + Врзиќ сенсеи)
12:30 - 13:30 Детски тренинг
16:00 - 19:00 тренинг (Германов сенсеи + Кваранта сенсеи)
19:00 - 20:00 Јавна аикидо демонстрација - Ембукаи (ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!!!)
20:30 - 00:00 Забава
Недела, 29 март (во салата на СРЦ Кале)
10:30 - 13:00 тренинг (Германов сенсеи + Врзиќ сенсеи)
Ве очекуваме заедно да прославиме!
На 28-ми и 29-ти март 2015, со викенд семинар, клубот Хенбо ќе го прослави јубилејот - 10 години постоење.
Семинарот ќе го водат три врвни учители, сите носители на 6-ти Дан: Микеле Кваранта шихан, Јелена Врзиќ сенсеи и Ед Германов сенсеи.
Деталите за точната локација и распоредот на тренинзите ќе следат наскоро.
Од 01.11.2014 клубот Хенбо работи на нова локација, во реновираната спортска сала на ОУ Ј. Х. Песталоци, позади ТЦ Буњаковец.
Вежбаме на душеци (татами) посебно наменети за аикидо и џудо, на површина од 150 м2. Термините за возрасните се во понеделник, среда и петок од 20:30, а за децата во среда и петок од 19:30.
Видете ги сликите ТУКА.
За време на велигденските празници тренинзи нема да одржиме на:
18-ти и 21-ви април. Петок и понеделник. Ќе продолжиме на 23-ти во среда со редовни тренинзи.
Сезоната 2013/2014 за трениинзи во сала ќе ја завршиме кон средината на јуни. Последниот тренинг во сала ќе биде на 13 јуни. Потоа следува пауза од две седмици и потоа продолжуваме со тренинзи во парк, како и секоја година.
Поздрав!