ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

На 14.06.2013 се одржа првото полагање за нашите најмлади членови. Им честитаме и им посакуваме да вежбаат аикидо уште многу долго и да постигнат исклучително мајсторство.

kids exam 06.2013

sskl frontИзлезе новиот број на „Саншинкаи писмо“ списанието (Sanshinkai letter), публикација која ја подготвува Ерик Граф со помош на секој кој на некаков начин е поврзан и истражува на полето на Саншинкаи методологијата на Масатоми Икеда сенсеи и сака да придонесе во создавањето на содржината во списанието. Списанието е бесплатно и се објавува на веб сајтот на аикидо клубот во Нушател, Швајцарија - Aikido Ikeda Dojo de Neuchatel.

Ова е седми број по ред, и како и сите пред него, има исклучително корисни информации. Посебно издвојувајќи го написот со детални објаснувања и цртежи од Хоџо катата.

Кликнувајќи на сликата ќе го превземете овој последен, седми број, а на следниов линк ќе ги најдете и останатите броеви од „Саншинкаи писмо“ списанието.

www.dojo-ne.ch/en/downloads/san-shin-kai-letter

 

Од денес, на интернет страницата на Хенбо, активиран е сервис за он-лајн пријавување на полагања. Сите активни членови ќе добијат корисничко име и лозинка за да пристапат до делот за членството и да можат да го користат овој сервис.

prijava

 voskresenie Hristovo

За време на велигденските празници тренинзи нема да одржиме на:
1-ви, 3-ти и 6-ти мај. Среда, петок и понеделник. Ќе продолжиме на 8-ми во среда со редовни тренинзи.
И уште: Сезоната во сала ќе ја затвориме на средината на јуни, т.е. последниот тренинг во сала ќе биде на 14 јуни. После следува мала пауза и потоа продолжуваме со тренинзи во парк, како и секоја година.
Поздрав!

 

seminarski poster 2013 small

Семинарот ќе се одржи во три термини/тренинзи.
Семинарска такса: 1200 денари или 20 EUR.
Секој може да учествува. Учеството е на сопствен ризик.
За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: +389 70 764066

 

plakat - small

Ни претставува задоволство да ве поканиме на семинарот што ќе го води нашиот учител на 02.02.2013 (Сабота) во нашиот клуб.

Семинарот ќе биде продолжеток на претходниот што ја имаше тематиката - Запознавање со дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи.
Ќе се содржи од два тренинга (по два часа) - детални објаснувања за учењето на мајсторот Икеда.
Сите учесници може да го добијат и претходниот семинар на ДВД - бесплатно (потребно е само да го нарачате претходно).
Семинарската такса е симболична: 400 денари, бидејќи настанот е спонзориран.
Повелете, ве очекуваме!
За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: +389 70 764066

Во понеделникот (17.12.2012) нашиот клуб беше почестен со посетата на двајца исклучителни мајстори - Антонио Албанезе 6.дан и неговата сопруга Луиза 4.дан. Антонио Албанезе е државен  технички управител во Италија за Меѓународната асоцијација на Кобајаши аикидо школата (Association International aikido Kobayashi ryu).Се надеваме дека наскоро ќе имаме повторно можност да ги видиме и да учиме од нив.

Учители, ви благодариме за посетата!

Antonio Albanese and Luisa

Нашиот клуб ја имаше честа да го презентира аикидото пред македонската јавност со помош на Сања и ТОП ФОРМА на телевизијата 24 ВЕСТИ:

Дојде денот. Да се посети местото на потеклото на нашава сакана вештина ќе биде голема возбуда. Го очекувам со нетрпение. По враќањето, ќе има материјал за раскажување. :) Посетете го сајтов за да прочитате. Domo arigato gozaimasu!

Japanese Flag with map

Дамјан Цингарски

Тренинзи ќе одржуваме во сала во редовните термини до крајот на јуни, а потоа, во јули и август, ќе вежбаме на отворено со меч и стап.
Термините за вежбање на отворено ќе ги објавиме кон крајот на месецот.
Исто така, во саботните утра од месеците јули и август ќе се одржуваат тренинзи за Хоџо. Доколку има заинтересирани , нека се пријават заради полесно организирање на групата.

sala ikedaОд 11 октомври (вторник) аикидо ќе можете да вежбате уште на една локација во Скопје, во населбата Кисела Вода. Сите заинтересирани за запишување потребно е да дојдат половина час пред почетокот на било кој од редовните тренинзи во:

Кисела Вода: вторник и четврток од 19:30 часот. Аикидо клуб „Икеда“.

Се гледаме на тренинг!