ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

На покана од инструкторот во џудо клубот „Миоки“ гостувавме на нивниот тренинг во четвртокот (24.12.2009). Тренингот беше одлично запознавање со џудо спортот и со начинот на кој клубот Миоки ги одржува своите тренинзи. Во новата 2010 година и ние ги очекуваме на тренинг кај нас. Голем поздрав до сите џудоки од клубот „Миоки“!

Погледнете ги сликите...

aikido

ОВДЕ преземете ја групната слика во поголема резолуција.

 

Дружењето со клубот „Ренбукан – Октагон“ помина во најпријатна атмосфера. Ќе го памтиме како позитивно искуство и се надеваме дека ќе го повториме во скора иднина.

Погледнете ги сликите...

aikido

ОВДЕ преземете ја групната слика во поголема резолуција.

 

Како и досега, во духот на пријателството и соработката, нашиот клуб организира уште едно дружење, но овој пат не со аикидо клуб, туку со клуб во кој се изучуваат мешани боречки вештини (ММА). Клубот „Ренбукан – Октагон“ со својот учител Томислав Ивановски, ќе гостува во нашиот клуб на тренингот во понеделник (21.12.2009)...

tomy lee 500

Два члена од нашиот клуб, кои од неодамна се зачленија и тренираат во џудо клубот „Миоки“ од Скопје, беа дел од екипата која го освои првото место во Државното екипно првенство во џудо за 2009 год.

џудо клуб Миоки

Александра Лелов и Ана Младеновска придонесоа за победата на екипата од џудо клубот „Миоки“ која триумфираше во Прилеп минатата недела (13.12.2009). Ана беше резервен натпреварувач, но затоа Александра ги победи противничките и во двете свои борби со неверојатна решителност! Нивната спремност секако се должи и на одличните тренинзи во клубот „Миоки“ кај тренерот Игор Паскоски, со кој имаме одлична соработка.

borbi

 

Eric Graf sensei

Од 22-ри до 24-ти МАЈ 2009 г. учителот Ерик Граф од Швајцарија ќе биде по втор пат гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.

Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Овој пат ќе имаме промотивна цена! Не пропуштајте!

Вчера (12.04.2009) во нашиот клуб се одржа тренинг кој е посебен по неколку нешта.

Најпрво, иако не е прв пример за меѓуклубско дружење, сепак тоа е првиот тренинг за меѓуклубско дружење на кој присуствуваа аикидоки од дури четири клуба од Македонија. Соработката помеѓу сите кои вежбаат аикидо е во врвот на вредностите кои ги негуваме и со сите заложби се трудиме тоа и да го постигнуваме. Овој тренинг беше плод токму на таквите заложби, и искрено се надеваме дека во иднина ќе се реализираат уште настани со истата намена - да вежбаме едни со други и заедно да напредуваме.

кенбукан на гости во хенбо

Тренингот што го одржа Љупчо сенсеи од Кенбукан, Битола, беше одлично организиран и особено интересен за членовите на Хенбо. Различниот начин на водење на тренингот и формалните разлики на изработените техники беа одлична лектира за нас и со сигурност ќе остави позитивна трага во нашето вежбање. Од она што по тренингот можев да го слушнам како реакции од нашите членови, заклучокот е дека добивеме една навистина добра лекција. Се надевам дека наскоро ќе го повториме ваквото искуство.

Голема благодарност и до останатите членови на клубот Кенбукан, кои ги почуствувавме многу блиски по ентузијазмот и љубовта што ги делиме кон аикидото. Така треба, само напред!

Настанов со свое присуство го поддржаа и клубовите Агатсу и Заншин од Куманово со кои традиционално имаме одлична соработка.

Па, се гледаме во наредната прилика! :)

 

На 12 април (недела) во редовниот термин од 17 часот ќе гостуваат членови на аикидо клубот од Битола - Кенбукан. Тренингот ќе го води учителот од овој клуб, Љупчо Ошавков 2.Дан Аикикаи. Ова дружење го организираме во согласност со нашите вообичаени стремежи за соработка и размена на знаење и искуство.

Доколку освен нашите членови има и други заинтересирани за присуство на овој тренинг, претходно нека го најават своето учество.

logo Kenbukan, Bitola

Ljupco Osavkov i Zdravko Kuzmanovski od Kenbukan, Bitola

 

 

Кваранта сенсеи одржа уште еден семинар со многу нови и корисни нешта за нашиот напредок во аикидото. Оваа година гости имавме од Бугарија и Србија, а и од некои од останатите клубови во Македонија, поточно од Битола и Куманово. За жал повторно немаше ниту еден претставник од другите клубови од Скопје.

Се надеваме дека на следниот ќе има уште повеќе присутни!

Погледенте ги сликите кликнувајќи на следната:

henbo seminar