ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

Quaranta sensei

Во викендот на крајот од февруари (27, 28 и 01 Март) нашиот клуб ќе го организира четвртиот по ред семинар со учителот Микеле Кваранта од Базел, Швајцарија. Семинарот ќе биде отворен за сите заинтересирани. Веќе е најавено учество од соседните земји Србија и Бугарија, а гости ќе има и од други европски држави.

Местото на одржување ќе биде салата на карате клубот РАБОТНИЧКИ (до ТЦ Беверли Хилс). Не ја пропуштајте приликата!

Преземете ја поканата во PDF формат <ОВДЕ>.

 

Bosko Jelic

На 22-ри и 23-ти НОЕМВРИ 2008 г.учителот Бошко Јелиќ од Србија ќе биде гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.

Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Не пропуштајте!

Повеќе информации > Тука!

Минатата сабота (25 октомври) во Белград се одржа традиционалниот аикидо настан - Аикидо трофеј на градот Белград. Оваа година тренинзите ги водеа Микеле Кваранта сенсеи и Јелена Врзиќ сенсеи како претставници од ААС и Мирко Јовандиќ сенсеи од АУС. Учесниците можеа да видат три различни гледишта кон аикидото и од секое да извлечат многу поуки. Нашиот клуб учествуваше со тројца претставници.

Во неделата пак, во салата на аикидо клубот Сеишин од Белград, се одржа бројно полагање за Дан степени во ААС и доделување на дипломите од полагањата од изминатиот перид, на кое дипломата за 1 Дан ја прими и учителот во нашиот клуб - Дамјан Цингарски.

diploma

 

sofia group sm

На покана од Бугарската аикидо асоцијација на чело со Едвард Германов сенсеи (5 Дан Аикикаи), Кваранта сенсеи на 18-ти и 19-ти октомври одржа викенд семинар во Софија, Бугарија. Семинарот беше најавен како најатрактивен за оваа година во Бугарија и потполно ја оправда најавата. Учествуваа околу 100 аикидоки од Бугарија, Македонија, Швајцарија, Грција, Србија и Соединетите Американски Држави.

Уводните тренинзи ги водеше Германов сенсеи и низ ралични инвентивни форми претстави многу убаво аикидо. По него, Кваранта сенсеи ги објаснуваше основните начела на дидактичкиот систем на Икеда сенсеи и разбуди огромен интерес кај присутните.

Кваранта сенсеи ја има посетено Софија и во минатото како асистент на Икеда сенсеи, а сега за прв пат како учител.

Изминатиот викенд (26 и 27 септември 2008) белградскиот клуб Сеишин ја покани Јелена Врзиќ сенсеи да одржи два тренинга на кои ќе презентира дел од искуството стекнато при недамнешната едномесечна посета на Хомбу доџо во Токио, Јапонија.

Се заблагодаруваме за пренесеното на сенсеи Јелена и секако на домаќините за организацијата.

jelena seishin

 

Од 30 мај до 1 јуни 2008 во главниот град на Чешка се одржа вториот од серијата учителски семинари за инструктори кои предаваат Аикидо според дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи 7.Дан Аикикаи. Првиот се одржа во ноември 2007 во Базел. Овојпат во полн состав претставниците од Полска, Чешка, Словачка, Холандија, Македонија, Германија, Хрватска, Украина и Швајцарија го проследија семинарот.

Како и првиот пат, семинарот го водеше учителот Кваранта. Темата беше програмата за полагање за 6-ти кју степен, т.е. што во однос на неа треба да знаат учителите и што треба да се очекува од учениците. Исто така беше образложено зошто Икеда сенсеи го вовел 6-тиот кју, иако во Јапонија вообичаено првиот степен е 5-ти кју.

Сè се одвиваше во одлична атмосфера и семинарот, се разбира, заврши успешно и на општо задоволство на сите.

Повеќе слики од настанот можете да погледнете кликнувајќи на следнава.

Prg index

grupna 2008m500

По многу нешта ова беше најуспешниот семинар до сега во нашиот клуб! И секако, немаме намера да остане така. Се надеваме следните да бидат уште подобри.

Гостите што ги имавме од Бугарија, Србија, Швајцарија и Македонија беа повеќе од задоволни од тоа што можеа да го научат од учителот Микеле Кваранта. Атмосферата беше многу пријатна и полна со позитивна енергија.

Во рамките на семинарот се одржа и полагање за скоро сите КЈУ степени. Честитки за сите кои положија. :)

Со нетрпение ја очекуваме следната средба со нашиот учител Микеле Кваранта!!

(СЛИКИ)

mik2008 poster en

Од 11-ти до 13-ти април 2008 нашиот учител Микеле Кваранта од Базел, Швајцарија ќе биде по трет пат гостин на нашиот клуб и ќе одржи викенд семинар што ќе биде отворен за сите заинтересирани аикидоки.

Местото на одржување ќе биде салата на карате клубот РАБОТНИЧКИ (до ТЦ Беверли Хилс). Не ја пропуштајте приликата!

group eric

Изминатиов викенд го направивме шестиот семинар во нашиот клуб, а под водство на учителот Ерик Граф.

Одличен семинар! Без да пишувам излитени од повторување реченици за тоа колку навистина уживавме, само ќе напишам дека им се заблагодарувам на сите гости кои го поддржаа овој семинар, а нив ги имаше од: Агатсу од Куманово, Шинген од Куманово, Пат кон мирот од Скопје и специјална благодарност до Сандер од Саншинкаи, Утрехт, кој допатува од Холандија и така го направи семинарот меѓународен.

На следниот, повелете, ве очекуваме и вас!

Eric web poster

На 15-ти и 16-ти ФЕВРУАРИ 2008 г. учителот Ерик Граф од Швајцарија ќе биде гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.

Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Не пропуштајте!

На 15-ти и 16-ти ДЕКЕМВРИ 2007 г. господинот Александар Дејановиќ ќе биде по вторпат гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.

Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Ве очекуваме!

 

дамјанМинатиот викенд (16-18.11.2007) во Базел се одржа првиот од десетте учителски семинари за инструктори кои предаваат Аикидо според дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи 7.Дан Аикикаи. Семинарот го водеше долгогодишниот прв асистент на учителот Икеда, Микеле Кваранта сенсеи 6.Дан Аикикаи. Скоро сите клубови или федерации кои работат според овој систем имаа свој претставник на овој семинар, па така имаше инструктори од Полска, Чешка, Словачка, Холандија, Македонија, Србија, Германија и секако Швајцарија. Изостанаа само уште Хрватска и Украина.

Целта на овие семинари е инструкторите по аикидо да добијат познавања од повеќе области кои се поврзани со предавање аикидо. Доброто познавање на аикидо техниките е секако неопходно но не е и единствено потребно за некој кој подучува ученици. Поради ова, специјалисти од различни области како што се анатомија, педагогија, менаџмент, укажување прва помош итн. ќе бидат дел од семинарите кои ќе следат во наредниот период.