Стремеж кон совршенство

Јапонската класа на воини - самураите, го живееле својот живот согласно со „патот на воинот“ наречен - Бушидо. Речено е: Бушидо е душата на Јапонија. Тоа е претстава на самурајскиот кодекс на однесување, т.е. како витешките мажи треба да дејствуваат во личниот и професионалниот живот. Ние работиме на нашиот развој користејќи се со овој водич преку осумте доблести на Бушидо:  Правилност, Кураж, Добронамерност, Љубезност, Чесност и искреност, Чест, Лојалност и Карактер и само-контрола.

Стремеж кон совршенство

Јапонската класа на воини - самураите, го живееле својот живот согласно со „патот на воинот“ наречен - Бушидо. Речено е: Бушидо е душата на Јапонија. Тоа е претстава на самурајскиот кодекс на однесување, т.е. како витешките мажи треба да дејствуваат во личниот и професионалниот живот. Ние работиме на нашиот развој користејќи се со овој водич преку осумте доблести на Бушидо:

Правилност

Правилност

Се однесува не само на боречката правилност, туку и на личната: Правилноста (или праведноста), е најсилната доблест на Бушидо. „Правилноста е моќ да се одлучува според начинот на делување во согласност со разумот, без предомислување; да се умре кога е времето за умирање, да се пресече кога е времето за сечење. Без правилност ниту талентот ниту учењето не можат од човек да направат самурај“.
Искреност

Искреност

Вистинските самураи презирале пари. Сметале дека „луѓето треба да се држат настрана од парите, затоа што богатството ѝ пречи на мудроста.” Така, децата на висококласните самураи биле одгледувани да веруваат дека интересирањето за пари покажува лош вкус, и дека непознавањето на вредноста на различни монети покажува добро воспитување: Бушидо охрабрува штедење, но не од економски причини, туку за вежбање на воздржување. Луксузот се сметал за најголема закана за мажественоста, и од класата на воинот била барана сурова едноставност.
Кураж

Кураж

Бушидо прави разлика помеѓу кураж и храброст: Куражот достоен да биде вброен меѓу доблестите само ако е се пројавува само заради правилност и праведност. Во неговите анали Конфучие вели: "Да се согледа што е правилно, и да не се направи тоа, открива недостаток на кураж." На кратко, "Кураж е да се прави она што е правилно." Куражот ни недостасува во денешниот свет.
Чест

Чест

Иако Бушидо се занимава со професијата војник, тоа е подеднакво загрижено и со не-борбеното однесување: чувството за чест, јарката свест за лично достоинство и вредност, ги карактеризирале самураите. Биле родени и воспитани да ги вреднуваат обврските и привилегиите на својата професија. Стравот од обесчестување висел како меч над главата на секој од самураите. Да се навреди од мала провокација било исмевано како „избувливост“. Како што вели популарната поговорка: „Вистинско трпение значи да се поднесе  неподносливото“.
Добронамерност

Добронамерност

Од оној на кој му била доделена моќта да командува и моќта да убива, се очекувало и подеднакво да демонстрира особени моќи на добронамерност и милост: Љубов, грациозност, грижа за другите, сочувство и сожалување, се карактеристики на добронамерноста, што е највисока карактеристика на човечката душа. И Конфучие и Менг-це често велеле дека највисокиот услов за владетел е добронамерност.
Лојалност

Лојалност

Економската реалност ѝ нанесе удар на организациската лојалност од целиот свет. Сепак, вистинските мажи им останаа верни на оние на кои им се задолжени: Лојалноста кон надредениот беше најпрепознатливата доблест во феудалната ера. Лична верност постои меѓу сите видови на луѓе: и банда на џепчии се заколнува на верност на нејзиниот лидер. Но, само во кодексот на витешката чест доверба го добива своето огромно значење. Лојалноста е во основата на добрите општества.
Љубезност

Љубезност

Разграничувањето на разликата меѓу ласкавост и учтивост е тешко за некои луѓе, но за вистински човек, љубезноста е вкоренета во добронамерноста: Учтивоста треба да биде израз на добронамерната грижа за чувствата на другите; тоа е сиромашна доблест ако е мотивирана само од страв да не се навредат добриот вкус. Во највисокиот облик љубезноста и се приближува на љубовта.
Само-контрола

Само-контрола

Разликата помеѓу добро и лошо и помеѓу правилно и погрешно е даденост, а не аргумент што е предмет на дискусија или оправдување, и човек треба да ја знаат разликата. Конечно, на луѓето им е обврска да ги учат своите деца на морални стандарди преку моделот на своето однесување: Првата цел на самурајското образование е да се изгради карактер. Интелектуална супериорност се ценела, но самурајот во суштина бил човек од акција.

Каква боречка вештина е аикидо?

Аикидо е боречка вештина со потекло од Јапонија. Во превод значи „Дисциплина за хармонизирање на енергијата“ (АИ – хармонија, КИ – енергија, ДО – начин, дисциплина), или скратено: Наука за хармонијата. Под ова име, основачот Морихеи Уешиба ја воспоставил официјално во 1941-2 година, користејќи го стекнатото знаење од претходно совладаните боречки вештини.
Во техничкиот дел најголемо влијание за создавањето на аикидото имала вештината „Даито рју аики џу-џуцу“. Морихеи Уешиба учел Даито Рју од Такеда Сокаку, кој оваа средновековна самурајска вештина прв почнал да ја подучува надвор од кланот Такеда.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ...

Внатрешен мир и сила

Вежбањето аикидо ги подобрува основните алатки кои ни се потребни во секојдневниот живот: Дисциплина, Фокус и Трпение. Со употребата на овие "оружја" можеме да ги водиме битките со кои се соочуваме.

За борецот, ова значи да има ограничување и контрола. Со други зборови, да нема „вжештена глава“. Да не ја исфрлате вашата фрустрација или лутина на вашиот учител или на оној со кој тренирате.
Мора да ги контролирате вашите чувства. Не дозволувајте тие да ве контролираат вас. Тоа значи и да си создадете обврска редовно де тренирате, поставувајќи го вашитео здравје и добросостојба за приоритет и да престанете да наоѓате изговори за тоа зошто не можете да вежбате.
Ако сакате целосно да го апсорбирате она што го учите, мора целосно да се ангажирате во дадената лекција. Мора да развиете дисциплина на отстранување на други мисли, за да можете да го насочите вашиот ум на она што ви се предава. Накусо, мора да се усредоточите на моментот и да бидете во него.
Ако сакате да совладате нешто, мора да бидете трпеливи. Ова е подеднакво тешко како што се и другите доблести, а за многу студенти понекогаш и најтешко.
Живееме во општество кое нè учи да очекуваме моментни задоволувања и тажно е што повеќето се дојдени на тренинг со истите очекувања. Вашето учење ќе трае онолку колку што е потребно за да се научи нешто, па дури и откако ќе добиете концепт за тоа, се уште ќе треба да го усовршувате, што всушност никогаш и не запира. Знам дека ова е нешто што многумина не сакаат да го чујат, но тоа е вистината. Мора да бидете трпеливи со себе, со вашиот ум, тело, дури и со вашиот учител понекогаш.
Seminars
0
Branches
0
Members
0

Аикидо клубот Хенбо е членка на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија.

Основан е во 2005 година. Изучуваме изворно јапонско аикидо според стандардите на светскиот центар за аикидо - Аикикаи Хомбу Доџо во Токио, Јапонија. Користиме одлична методологија која овозможува целосна примена на принципот на хармонизација и правилно учење на боречките зафати/техники.

Главен учител е Дамјан Цингарски, носител на мајсторски степен 3.Дан.

Како составен дел на аикидото, изучуваме и техники со меч (аикикен) и техники со стап (аикиџо), a ја изучуваме и Хоџо катата (ритуален дуел со мечеви) и Генкикаи системот на вежби за телесно здравје, следејќи го во целост учењето на Масатоми Икеда сенсеи, еден од најетаблираните аикидо мајстори во светот.

За да го збогатуваме знаењето во областа на аикидото организираме семинари неколку пати во годината. Еднаш со нашиот ментор, мајсторот Микеле Кваранта, носител на 6.Дан, а останатите со други познати аикидо учители.

Членовите на Хенбо редовно посетуваат меѓународни семинари и во земјава и во странство, и редовно полагаат за степени (појаси) кои се сертифицирани од светската аикидо организација - Аикикаи.

Посетете ја нашата Youtube страница

Видео содржини за активностите на клубот

Распоред

  Понеделник Среда Петок
деца (7-13 год)  19:30 19:30  
возрасни (над 13 год) 20:30 20:30 20:30

Зачленувањето е можно преку целата година.
Сите информации на тел: 076 697 000.
Видови членарина:

„За зафатени“
1000 денари

месечна членарина

  • Два пати неделно
  • (8 тренинзи)
„За ентузијасти“
3000 денари

месечна членарина

  • + Индивидуален тренинг
  • + Дополнителни лекции

Што велат за нас:

Секој има своја посебна причина поради која почнал да вежба аикидо - самоодбрана, здравје, да потроши енергија, итн. Но многу често низ вежабањето се откриваат и нови причини кои ни го менуваат и збогатуваат начинот на кој го гледаме светот.

Yamato-Budogu Tokyo
Client 1
Client 2
Client 3

Најнови Вести & Блог

Активни сме постојано.
Повеќе на тренинг одошто на интернет. :)

Тренинзите во саласо кои ќе ја почнеме новата сезона ќе ги одржуваме од 11-ти септември (понеделник). За возрасни терминот е од 20:30, а за деца од 19:30.

Ви честитаме

...

Каде се наоѓаме?

Тренинзите ги одржуваме во спортската сала на основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ во близина на трговскиот центар „Буњаковец“. Адреса: Апостол Гусларот бр. 3 , Скопје

Пишете ни: