ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

Саншинкаи писмо бр. 7

sskl frontИзлезе новиот број на „Саншинкаи писмо“ списанието (Sanshinkai letter), публикација која ја подготвува Ерик Граф со помош на секој кој на некаков начин е поврзан и истражува на полето на Саншинкаи методологијата на Масатоми Икеда сенсеи и сака да придонесе во создавањето на содржината во списанието. Списанието е бесплатно и се објавува на веб сајтот на аикидо клубот во Нушател, Швајцарија - Aikido Ikeda Dojo de Neuchatel.

Ова е седми број по ред, и како и сите пред него, има исклучително корисни информации. Посебно издвојувајќи го написот со детални објаснувања и цртежи од Хоџо катата.

Кликнувајќи на сликата ќе го превземете овој последен, седми број, а на следниов линк ќе ги најдете и останатите броеви од „Саншинкаи писмо“ списанието.

www.dojo-ne.ch/en/downloads/san-shin-kai-letter