На 6-ти и 7-ти март г-динот Кваранта ќе биде гостин на клубот Аикидо Икеда доџо од Нови Сад, каде што ќе одржи семинар.
На 6-ти и 7-ти март г-динот Кваранта ќе биде гостин на клубот Аикидо Икеда доџо од Нови Сад, каде што ќе одржи семинар.
Со одлука на комисија од Аикикаи седиштето (Hombu dojo) и со одлука на дошу Моритеру Уешиба, на 14-ти јануари 2007, нашиот ментор Микeле Кваранта беше унапреден во 6. Дан (Roku Dan).
Веста ја дочекуваме со голема радост и од сé срце честитајќи му на учителот Кваранта му посакуваме успех и во понатамошната работа!
www.henbo.com.mk се најде на списокот на ТОП 100 најпосетувани македонски веб сајтови по само 4 месеци од неговото активирање. Ова истражување го спроведе www.cepelin.net повикувајки се на неколку релевантни интернет пребарувачи. Им благодариме на искрените посетители. Повеќе ->
На 18-ти и 19-ти Ноември во нашето доџо, семинар ќе одржи аикидо учителот од Србија, Александар Дејановиќ. Ќе одржи 4 тренинзи - два во сабота и два во недела со исто времетраење и почеток:
Од 10:00-12:00 и од 17:00-19:00.
Семинарската такса е 500 денари.
Аикидо клубот Сеишин од Белград организира меѓународен семинар со Микеле Кваранта сенсеи на 14-ти и 15-ти Октомври! Подетални информации можете да прочитате во поканата за семинарот или контактирајте не.
Аикидо клубот Пат кон мирот од Скопје организира меѓународен семинар со Муцуко Минегиши сенсеи од 29 -ти Септември до 01-ви Октомври!